Levent Tok
20 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
ДАМАСК (АА) – Продолжуваат судирите меѓу опозицијата и режимот на Башар ал-Асад во Дамаск, главниот град на Сирија, откако по интензивните напади врз режимот, двата региона беа споени, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај прекинот на огнот во Сирија, продолжуваат операциите на војската на Асад и прорежимските терористички групи во околината на Дамаск, каде што некои региони како што е долината Барада, беа преземени од страна на опозицијата.
Опозициските сили што дејствуваат против режимот, продолжуваат кон регионите коишто претходно беа под опсада на режимот и каде што се врши често кршење на прекинот на огнот, како што се Кабун, Тишрин, Берзе, Хареста, кој е поврзан со Источна Гута, Дума, Сакба и Арбин.
Опозициските сили преку населбата Џобар во регионот на Источна Гута, пристигнаа до населбата Кабун, којашто беше под опсада на режимските сили.
На овој начин, Источна Гута и Кабун се поврзаа преку еден тесен појас.
Според информациите на АА од теренот, на оваа линија којашто ги спојува Источна Гута и Кабун, односно во делови на Џобар и Кабун се одвиваат судири. Опозициските сили обелоденија дека од страна на режимот, во текот на ноќта се извршени околу 50 воздушни напади врз Источна Гута и Џобар.
Во меѓувреме, Фејлак Ер-Рахман, Ахрару’ш Шам и Комитетот за ослободување на Дамаск, коишто учествуваа во вчерашната операција, преку социјалните мрежи информираа дека ги презеле поголемиот индустриски регион помеѓу Џобар и Кабун, електрична централа, текстилни фабрики и фабриката за телевизори.
- Продолжува опсадата и прераспоредувањето во руралните предели на Дамаск -
Продолжува опсадата од страна на режимот во областа Мадаја и во градчето Забдани, во западниот дел на Дамаск, како и во кампот Јермук, кој се наоѓа во регионот Источна Гута.
Поради блокадата, режимскиот притисок и насилните напади, опозициските сили беа принудени да ги напуштат регионите на долината Барада, Ел Тал и Сиркаја, кои се наоѓаат во западните рурални предели на градот.
Прекин на огнот во Сирија беше прогласен на 30 декември 2016 година, со посредство на Турција и Русија. Опозициските групи, чијшто гарант е Анкара, даваат отпор на режимските напади само во случај на самоодбрана, додека пак, режимските сили, за кои гарантира Москва, често го кршат овој договор. Претставници на опозициската војска не присуствуваа на последниот состанок во Астана во врска со прекинот на огнот, поради тоа што Русија и режимот не ги исполниле обврските.