Tayfun Coşkun
11 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
ОУКЛЕНД (АА) - По објавувањето на изборните резултати за претседател на САД, продолжуваат протестите во сојузната држава Калифорнија против Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Во градот Оукленд, стотици полицајци го обезбедуваа протестот на демострантите коишто за кратко време го затворија автопатот.
Одвреме-навреме, во текот во протестите имаше и насилни настани, поради што беа приведени некои демонстранти. Во насилните протести беше искршени прозорците на бизнис центрите.
Протестите против Трамп во САД започнуваат наутро, со марш на учениците од средните училишта во Сан Франциско и во Беркли. Навечер, пак, во Оукуленд, пред зградата на општината се собира голема толпа луѓе за да маршираат.
Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп победи на изборите на 8 ноември, против кандидатот на демократите Хилари Клинтон, и стана 45. претседател на САД.