Diyar Güldoğan
11 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган допатува во посета на Минск, Белорусија, каде што оствари средба со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата претседателот Ердоган истакна дека Турција и Белорусија имаат многу полиња на соработка. Тој додаде дека Турција сака да ги зајакне економските врски со Белорусија и да го зголеми обемот на меѓусебната трговија на 1 милијарда долари.
„Имаше пад во обемот на трговијата меѓу 2013 и 2015 година. Можеме да го зголемиме обемот на 1 милијарда долари за многу кратко време“, изјави Ердоган за новинарите на заедничката прес-конференција во Минск со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.
„Ова не е тешко да се направи кога ќе погледнете дека двете земји заедно имаат популација од 90 милиони жители“, рече тој.
Ердоган изјави дека турските претприемачи инвестирале 1,5 милијарди долари во Белорусија.
„Чекорите што тие ги преземаат (претприемачите) заедно со бизнисмените овде (во Белорусија) ќе донесат победа за двете земји“.
Лукашенко го изрази своето задоволство за првата посета на Ердоган во Минск.
„Со вашата посета, сигурен сум дека нашите односи ќе се преминат на следното ниво“, изјави тој.
Ердоган подоцна во текот на денот ќе присуствува на Бизнис форумот Турција-Белорусија. Исто така, се очекува тој да присуствува на свечената церемонија за отворање на џамијата во Минск.