Kubilay Çelik
22 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција Ахмет Давутоглу ги осуди нападите кои утрово се случија во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
"Ги осудувам нападите кои во денешните утрински часови се случија во Брисел и уште еднаш го покажаа глобалното лице на тероризмот. Исто така го изразувам моето сочувство со владата и со народот на Белгија и сакам во името на нашиот народ да го споделам чувството на солидарност" , рече Давутоглу.
Според досегашните информации во терористичките напади кои се случија во главниот град на Белгија, Брисел, загинаа 34 лица,а повеќе од 130 се повредени.
Државната белгиска телевизија ВРТ, јави дека на метро-станицата загинаа 20, додека на аеродромот во Брисел 14 лица.