Ekip?
11 Ноември 2016•Ажурирај: 12 Ноември 2016
МЕЛБУРН (АА) - Австралија наскоро би можела да постигне договор со САД за распоредување на бегалците, според кој би биле затворени центрите за бегалци на островите Манус и Науру, јавува Anadolu Agency (AA).
Секој предлог што ќе биде утврден, ќе се најде пред новиот претседател на САД, Доналд Трамп, кога тој ќе ја преземе функцијата.
Трамп во текот на изборната кампања, повика на целосна забрана за влез на муслиманите во САД, а во наведените центри се сместени претежно муслимани.
Австралиските весници денес пишуваат дека договорот со САД би можел да биде најавен во наредните денови.
Министерот за имиграција, Питер Датон одби да ги коментира неговите детали, но на почетокот на оваа недела објави дека е во деликатни преговори со голем број земји за преместување на бегалците од Манус и Науру во трети земји.
Како што пишува весникот „Аустралијан“, договорот предвидува пренесување на околу 1.800 бегалци од центрите на Манус и Науру во САД, пред Трамп да го преземе претседателскиот мандат.