Halit Süleyman
17 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
ДЕРА (АА) - Во воздушни напади на сириската војска на подрачјата под контрола на опозициските сили во градот Дера на југозападниот дел од земјата погодени се шест импровизирани болници кои притоа се значајно оштетени, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Јусуф, од Цивилната заштита во градот Дера, за АА истакна дека болниците се оштетени во толкава мера што се сега неупотребливи.
Тој истакна дека сирискиот режим веќе 20 дена извршува жестоки напади на подрачјата под контрола на опозицијата во Дера.
Тој нагласи дека мети на нападот на силите лојални на Башар ал Асад, воглавно се населени подрачја и импровизирани болници.
„ Режимските сили извршија жестоки копнени и воздушни напади на местата Менсије и Дера ел-Белед во градот Дера. Болниците во тие места по нападот станаа неупотребливи. Само една болница пружа услуги на итна помош ”, изјави Јусуф.
Тој истакна дека сирискиот режим со овие напади се обидува да се одмазди откако не успеал да заземе важни подрачја во градот Дера.