Betül Yürük
17 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Амбасадорката на САД при ОН Ники Хејли изјави дека САД сигурно го поддржуваат дводржавното решение за да се стави крај на израелско-палестинското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа додаде дека САД истовремено се отворени и за нови идеи со кои ќе постигнат меѓусебен договор помеѓу двете страни.
Исто така, Николај Младенов, специјалниот координарот на ОН за блискоисточниот мировен процес, на заседание на Советот на безбедност на ОН за состојбата на Блискиот исток ја критикуваше одлуката со која се одобрува изградбата на нови израелски населби на приватните палестински имоти.
Тој истакна дека таквата одлука на израелската Влада претставува отворено кршење на меѓународното право.
Тој нагласи и дека оваа одлука, доколку не биде поништена на Врховниот суд, може да предизвика сериозни проблеми.
На крајот предупреди дека одлуката за изградба на населби ќе наштети на мирот помеѓу двете земји, но и на самата идеја за дводржавно решение.
„Дводржавното решение е единствен начин кој ќе ги задоволи легитимни национални барања на израелскиот и палестинскиот народ” , изјави Младенов.