Ali Mukarrem Garip
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
КИРКУК (АА) - Во воздушен напад на силите на меѓународната коалиција во ирачкиот град Киркук, неутрализирани се 20 членови на терористичката организација ДЕАШ кои се подготвувале за напад, јавува Anadolu Agency (AA).
„ДЕАШ подготвуваше напад од местото Ријад, но по дојавата за планираниот напад, меѓународните коалициски сили извршија воздушен напад врз милитантите, кои беа собрани во селото Шеик Халаф“, изјави Хива Абдула, командант на силите Пешмерга во јужниот дел на Киркук.
Тој додаде дека освен загинатите, има голем број повредени милитанти.
Уништени се четири автомобил-бомби и муниција на терористичката организација.
Терористичката организација ДЕАШ од јуни 2014 година ја контролира Хавија и руралните средини Ријад и Заб.