Yusuf Hatip
16 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Бројот на загинати во самоубиствениот напад што се случи денес во покраината Синд, во јужниот дел на Пакистан, се зголеми на 70 лица, а ранети се 150, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека бројот на загинати е зголемен на 70, откако денес непосредно по нападот соопштено е дека загинале околу 50 лица.
Медицинските екипи додадоа дека еден дел од ранетите лица се префрлени во болница во градот Карачи, со цел да им биде пружена помош.
Припадниците на Вооружените сили исто така пружаат помош на ранетите лица.
Како што наведуваат локалните власти, меѓу загинатите се наоѓаат 12 жени и четири деца.
Нападот, како што се наведува, го презела терористичката организација ДЕАШ.
Премиерот на Пакистан, Наваз Шариф, остро го осуди бруталниот напад во јужниот дел на земјата.
Според наводите на полицијата, во моментот на нападот во близина на турбето на суфискиот научник Лал Шахбаз Каландар во градот Сехван, се наоѓале неколку стотина луѓе.
Се додава дека напаѓачот-самоубиец влегол во комплексот каде што се наоѓа турбето и го извел нападот.
Самоубиствениот напад во покраината Синд во јужниот дел на Пакистан се случи по вечерната молитва.