Ramazan Turgut
25 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
РИЈАД (АА) - Кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз, го прими американскиот државен секретар Џон Кери и неговата делегација, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на државната новинска агенција на Саудиска Арабија, во палатата Селам во градот Џеда е остварена средба на којашто станало збор за соработката меѓу двете земји на различни полиња, како и за регионални и меѓународни прашања.
На средбата учествуваа државниот министер Мухамед ел-Ајбан, министерот за надворешни работи Адил ел-Џубејр, минисерот за култура и информации Дил-Турејфи, амбасадорот на САД во Саудиска Арабија, Џозеф В. Вестфал, и други официјални лица.