Muhammed Enes Can
30 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Републичкиот обвинител на Истанбул издаде наредба за приведување на 35 лица во рамките на истрагата за структурирањето на терористичката организација ФЕТО во медиумите, јавува Аnadolu Agency (AA).
Од страна на републичкиот главен обвинител на Истанбул, Исмаил Учар, и обвинителот од Бирото за организиран криминал, Мурат Чаглак, во рамките на истрагата и во согласност со новите докази беше издадена наредба за приведување на 35 члена на оваа организација.
Во извршените операции во Истанбул, Анкара и во Измит беа приведени Нурулах Озтурк, Расин Јилмаз, Мурат Аксој, Абдулах Алпарслан Акуш, Динчер Гокче, Искендер Јунус Тирјаки, Левент Арап, Омер Шахин и Ајхан Шимшек. За 18 лица беше потврдено дека се излезени надвор од земјата, а за други 8 лица сѐ уште трае истрагата.
Одлуката за приведување е основана на тоа дека осомничените лица се членови на оваа организација и дека во медиумите каде што тие работат и преку социјалните мрежи пропагираат во корист на ФЕТО.