Behlül Çetinkaya
21 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
АНКАРА
Властите на Република Турција го поздравија постигнатиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас и изразија надеж дека тоа примирје ќе биде од траен карактер, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека ескалацијата на тензиите и судирите ги предизвикал Израел со своите нелегални акции против Палестинците.
Нагласувајќи дека фокусот треба да биде на пронаоѓање решение на блискоисточната криза врз основа на воспоставување две држави, од Министерството за надворешни работи на Турција порачаа дека од меѓународната заедница, на чело со Советот за безбедност на ОН, очекуваат да бидат преземени конкретни активности, со цел потполно запирање на злосторството врз Палестинците.
„За доставувањето на итно потребната хуманитарна помош кон Газа е потребно да се обезбеди непрекинат пристап. За спречување на новите страдања во Палестина, неопходно е да се обезбеди дека Израел одговара за злосторствата и да ја укине нехуманата блокада наметната на Газа“, се наведува во соопштението.
Од Турција порачаа дека патот на постигнување праведно и трајно решение на палестинското прашање води преку ставањето крај на израелската окупација.
„Турција ќе продолжи да биде со палестинскиот народ и ќе ѝ пружа полна поддршка на Палестина во нејзината оправдана борба“, се наведува во соопштението.
Израел и Хамас со посредство на Египет синоќа договорија прекин на огнот, со што се завршени повеќедневните израелски напади врз Газа.
За време на израелските напади врз Газа што започнаа на 10 мај, досега се убиени најмалку 243 лица, меѓи кои 66 деца и 39 жени.