Faruk Zorlu
22 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили спасија вкупно 42 нерегуларни мигранти, присилно вратени од грчките сили, соопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објава на Твитер, Министерството истакна дека грчките сили ги тепале и ги држеле мигрантите во заложништво без храна и вода, пред илегално да ги испратат за Турција, одземајќи им ги чевлите, парите и документите за идентификација.
Се додава дека турските безбедносни сили во северозападната област Едрене ги спасиле мигрантите на турско-грчката граница и ѝ ги предале на Командата на жандармеријата во Едрене.
На снимките објавени од Министерството, еден од мигрантите вели дека тие преминале во Грција преку Узунќопру, во Едрене, пред два дена.
„Грчката полиција нè фати... Откако нè фатија, ни ги соблекоа панталоните и нè тепаа. Не ни даваа храна и вода два дена“, рече тој.
„Ни ги одзедоа парите и личните карти. Ги зедоа пантолоните на некои наши пријатели“, додаде тој.
Турција и организациите за човекови права континуирано говорат и ја осудуваат грчката незаконска практика на истуркување и насилно враќање на нерегуларните мигранти кон Турција, нагласувајќи дека со тоа се кршат хуманитарните вредности и меѓународното право преку загрозување на животите на мигрантите, меѓу кои има и жени и деца.