Kasım İleri
22 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес ја истакна важноста на турско-американските односи, по телефонскиот разговор со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Продолжувањето на соработката со нашиот НАТО-сојузник, Турција, на заедничките приоритети е од најголема важност“, напиша Блинкен на Твитер.
Тој ја повтори американската поддршка за разговорите помеѓу Турција и Грција, американските сојузници во НАТО.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, издаде и официјално соопштение по телефонскиот разговор меѓу Блинкен и Чавушоглу.
„Секретарот Блинкен разговараше со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, при што се дискутираше за областите на соработка во Сирија и Авганистан, и за важноста на човековите права и демократските институции“, рече тој.