Zeynep Özbay
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Порпаролот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин, денес во Анкара изјави дека премиерот на таа земја, Ахмет Давутоглу, утре оди во проштална посета во на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„Почитуваниот премиер и претседател на утрешниот состанок ќе зборуваат за деталите на примопредавање на должностите, во врска со самите процедури и датуми”, изјави портпаролот Калин на прес конференцијата одржана во Претседателската палата во Анкара.
По состанокот на Управниот комитет на владејачката Партија за правда и развој (AK Parti), претседателот на политичката опција и турски премиер Давутоглу на 5-ти мај најави одржување на вонреден конгрес на партијата на 22-ри мај 2016 година и додаде дека нема да биде кандидат за реизбор на позицијата претседател на партијата.
На прес-конференцијата на која зборуваше за остварените резултати во изминатиот период, Давутоглу порача дека турската влада своите задачи ги извршува без прекин без оглед на претстојните одлуки.
Давутоглу, исто така, порача дека со сета сила ќе ја продолжи својата политичка мисија и борбата во редовите на АК Партијата и дека продолжува со извршување на должноста пратеник во парламентот.
Партискиот управен одбор ќе одржи утре седница во Анкара со почеток во 11 часот по локално време, а по седницата ќе бидат соопштени имињата на кандидатите за наследникот на Давутоглу, за нов претседател на АК Партијата.
Портпаролот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин, на денешната конференција за новинари одаде почест на сите кримски Татари кои на денешен ден 1944 година беа жртви на свирепиот прогон од силите на поранешниот Советски сојуз.
Истакнувајќи дека Турција не заборавила, ниту пак ќе дозволи трагедијата на Татарите да биде заборавена, Калин најостро го осуди прогонот кој е наречен етничко чистење и темна дамка во историјата на човештвото.
„Раните се и понатаму свежи и големи. По седум децении од свирепиот прогон, раните на кримските Татари се повторно отворени со илегална анкесија на Крим. Турција ќе биде секогаш со Татарите од Крим”, порача Калин.
Осврнувајќи се на антитерористичката борба во Турција, Калин истакна дека Турција сите свои ресурси ги има ставено на располагање и дека во тежок период ја предводи борбата против терористичките закани во земјата но и надвор од неа.