Sayed Khodaiberdi Sadat
14 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
КАБУЛ (АА) – Три лица загинаа во вооружен напад врз џамија во градот Мајмана, во централниот дел на авганистанската покраина Фарјаб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата на Фарјаб, Керим Јуриш, во изјавата за медиумите истакна дека непознати лица извршиле вооружен напад врз џамијата во областа Биби Ајна, во градот Мајмана.
Наведувајќи дека во нападот тројца цивили кои дошле во џамијата за молитва ги загубиле животите, Јуриш рече дека повредени се тројца цивили.
Портпаролот наведе дека напаѓачите избегале од регионот и дека е започната истрага за нападот.