Ali Cura
14 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 739.947, додека бројот на починати како последица на овој вирус се зголеми на 11.614, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа откриени се уште 6.248 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата порасна на 739.947.
Во последното деноноќие во земјата починаа уште 175 лица како последица на овој вирус. Со ова вкупната бројка на починати во Русија се зголеми на 11.614.
Во земјата во последните 24 часа излекувани се 8.804 пациенти, вкупно досега 512.825.
Асимптоматски се 24,5 отсто од новите случаи со коронавирусот.
Се истакнува дека во последните 24 часа направени се 203.000 тестирања, вкупно досега се спроведени над 23.400.000 тестирања за Ковид-19.
Согласно решението потпишано од претседателката на Заводот за заштита на правата на потрошувачите и јавното здравје „Роспотребнадзор“ (Rospotrebnadzor), Ана Попова, од 15 јули двенеделната изолација за своите граѓаните кои влегуваат во Русија е укината.
Руските граѓани, според решението, ќе треба да направат тест за Ковид-19 во рок од три дена по влегувањето во земјата.
Странците кои доаѓаат во земјава на границата ќе треба да покажат тест дека се негативни на Ковид-19 на англиски или руски јазик, не постар од три дена. Ако немаат таков тест ќе мораат во рок од три дена да се тестираат за Ковид-19.
Во Русија првиот случај на Ковид-19 е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај поврзан со Ковид-19 е регистриран на 19 март.
Кон крајот на март воведени се низа мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.