Ekipa
10 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
АФРИН (АА) - Најмалку четири лица загинаа во напад извршен со автомобил бомба во северозападниот сириски град Африн, велат безбедосни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Возило со експлозив е детонирано во центарот на градот, при што загинаа четири цивили, а повредени се 15, од кои некои се во критична состојба“, велат извори кои зборуваа под услов на анонимност.
Турција во јануари 2018 година започна голема воена офанзива - операцијата „Маслинова гранка“ - со цел расчистување на Африн од терористичките елементи на ЈПГ/ПКК.
Африн беше ослободен од терористичката организација на 18 март 2018 година, на 58. ден од операцијата.