Ömer Koparan,Adham Kako
29 Ноември 2019•Ажурирај: 30 Ноември 2019
АФРИН
Во северниот дел на Сирија во градот Африн активиран е експлозив поставен во возило. Од експлозијата на возилото бомба животот го загубија четворица цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во центарот на Африн, на фреквентна улица експлодираше возило бомба.
Според првичните проценки, во експлозијата животот го загубија четири лица. Експлозијата предизвика и материјална штета во околината.
Локалните безбедносни сили кои вршат истражување на местото на настанот, сметаат дека голема е веројатноста бомбата да е поставена од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК која под окупација го држи местото Тел Рифат, често како цел на своите напади ги зема местата Африн, Азаз, Баб и Џарабулус.