Yusuf Hatip
29 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Декември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Од лидерските позиции во Европската Унија (ЕУ) се збогуваа претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата организирана во зградата на Европскиот совет, Туск својата функција му ја предаде на поранешниот премиер на Белгија, Шарл Мишел.
Од друга страна, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, ја одржа последната прес-конференција пред да ѝ ја предаде должноста на Урсула вон дер Лејен.
Зборовите на Јункер „Нема да им се заблагодарам на новинарите бидејќи не одобрувам таков однос меѓу новинарите и креаторите на политиките. Новинарите не се наши пријатели, а не се ни наши робови“, предизвикаа смеа во салата.
„Ја завршувам прес-конференцијата бидејќи огладнев“, рече на крајот Јункер.