Ali Cura
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
КИЕВ (АА) - Силна експлозија одекна во складиште со муниција во украинскиот град Ичниа, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на украинската војска соопшти дека првата експлозија се случила во три и пол часот по полноќ, и дека следувале серија експлозии од кои избил пожар во комплексот оддалечен од Киев околу 170 километри.
Во соопштението се наведува дека пожарникарските екипи се на терен, а од околните населби се евакуирани над 10.000 граѓани.
Според првичните информации, во експлозиите и пожарот немало загинати лица.
Сè уште не е позната причината за експлозиите кои предизвикаа голема паника меѓу граѓаните на украинскиот град.
И премиерот на Украина, Владимир Гројсман најави дека ќе ја посети Ичниа.
Минатата година, илјадници тони оружје и муниција беа уништени во слични експлозии во складиштата во Харков и Виница.