Talha Yavuz
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
КИЕВ
Властите на Украина ја повикаа Русија да преземе одговорност за уривањето на авионот на летот MH17 што се случи точно пред 6 години и во кое животот го загубија 298 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека Украина ќе ја продолжи соработката со Холандија, Заедничкиот истражувачки тим и други релевантни држави и организации со цел да откријат одговорните за авионската несреќа која се случи во источниот дел на Украина.
„Ја повикуваме Русија да преземе одговорност, ги почитува своите меѓународни обврски и соработува во истрагата. Тужбата што Холандија против Русија ја предаде до Европскиот суд за човекови права е важен чекор во истрагата“, се наведува во соопштението.
На летот MH17 од Амстердам кон Куала Лумпур на денешен ден 2014 година се урна авионот на компанијата Малезија ерлајнс. Авионот се урна на на крајниот источен дел на Украина, околу 40 километри од украинско-руската граница, а во несреќата загинаа 283 патници и 15 членови на екипажот.
Со истрага на Заедничката истражна комисија (JIT) утврдено е дека авионот е урнат со ракета на руската војска.
Владата на Холандија за урнатиот авион ја обвинува Русија, против која пред 7 дена поднесе обвинение пред Европскиот суд за човекови права.