свет

Пожар во дом за стари лица во Русија: Загинаа 7 лица

Пожарот избувнал во домот за стари лица во селото Боровски во местото Тумен.

Dmitri Chirciu  | 10.01.2021 - Обновена : 11.01.2021
Пожар во дом за стари лица во Русија: Загинаа 7 лица ( Фото: Архива / АА )

МОСКВА

Седум лица загинаа во пожар што избувна во дом за стари лица во Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за итни состојби на Русија.

Се истакнува дека пожарот избувнал во домот за стари лица во селото Боровски во местото Тумен.

Како резултат на пожарот, загинаа 7 лица, а едно лице е повредено.

Започната е истрага во врска со случајот.

Од друга страна, откриено е дека домот за стари лица немал соодветна лиценца и приведен е неговиот сопственик.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın