Talha Yavuz
07 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
КИЕВ
Извршен е оружен напад врз почесниот конзулат на Азербејџан во украинскиот град Харков, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на овој конзулат, во рамки на нападот извршен во околу 02:30 часот по локално време испукани се шест куршуми кон конзулатот.
Во видео-снимките снимени од страна на безбедносните камери се забележува дека напаѓачите биле двајца млади лица.
За време на нападот, никој не бил присутен во конзулатот.
Започната е истрага во врска со овој случај.