Dmitri Chirciu
07 Ноември 2020•Ажурирај: 08 Ноември 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 30.251, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.753.836, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 20.396 нови случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.753.836.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 364 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 30.251.
Оздравеа уште 16.803 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.312.927 лица.
Во Русија направени се над 64 милиони тестирања за Ковид-19.