Fuat Kabakcı,Zuhal Demirci
07 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
АНКАРА
Со новиот тип на коронвирусот (Ковид-19) во светот се заразени повеќе од 49,66 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на интернет страницата „Worldometer” покажуваат дека од последиците на заразувањето со новиот тип на коронавирусот починаа 1.248. 794 лица. Бројот на заразените е зголемен на 49.669.172, додека од вирусот досега се опоравија 35.256.016 лица. Активни се 13.164.362 слуачи.
Земја со највеќе случаи на Ковид-19 се Соединетите Американски Држави (САД), во кои заразувањето е потврдено кај 10.059.782, а од последиците на заразувањето починале 242.239 лица.
Останатите земји со повеќе од милион случаи на заразување се Индија (8.462.080), Бразил (5.632.505), Русија (1.733.440), Франција (1.661.853), Шпанија (1.388.411), Аргентина (1.228.814), Велика Британија (1.146.484) и Колумбија (1.127.733).
Земјите со повеќе од 20.000 смртни случаи се Бразил (162.035),Индија (125.605), Мексико (94.323), Велика Британија (48.475), Италија (40.638), Франција (39.865), Шпанија (38.833), Иран (37.409), Перу (34.783), Аргентина (33.136), Колумбија (32.405) и Русија (29.887).