Ruslan Rehimov
07 Ноември 2020•Ажурирај: 08 Ноември 2020
БАКУ
Азербејџанската војска ослободи уште 16 села од окупацијата на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку социјалната мрежа Твитер ја потврди претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.
„Победничката војска на Азербејџан од окупација ги спаси селата Горно Вејсели, Горно Сејитахметли, Горган, Трето Махмутлу, Гаџа и Диванлилар во градот Фузули; селата Горно Мезре и Јанархаџ во градот Џебраил; селата Гезјан, Баласолтанли и Мерданли во градот Губадли; село бешдели во градот Зенгилан; селата Карабулак и Мошхомаат во градот Хоџали; како и селата Атагут и Цакури во градот Хоџавенд. Нека живее војската на Азербејџан. Карабах е на Азербејџан.“, напиша Алијев.
Инаку, азербејџанската војска во рамки на операцијата која ја започна на 27 септември во Нагорно Карабах, од ерменска окупација спаси четири центри на градови, три гратчиња, и над 200 села и некои важни позиции.