Adam Abu-bashal
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
АБУЏА
Во североисточниот дел на западноафриканската држава Нигерија изби пожар во еден камп на внатрешнораселени лица. Во пожарот има повредени, а повеќе од 4.000 лица останаа без своите шатори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Секретарот на Владата на сојузната држава Борно, Мухамед Лаван-Шериф, за медиумите изјави дека избувнал пожар во еден камп во подрачјето Мафа во кој се сместени лица кои избегале од теророт на Боко Харам.
Лаван-Шериф соопшти дека во пожарот се пеплосани приближно 700 засолништа, при што 4.782 лица останале без шаторите во кои биле сместени.
Лаван-Шериф истакна дека во пожарот се повредени голем број лица, главно жени и деца.
Од почетокот на 2000 година досега терористичката организација го покажува своето присуство во Нигерија, а до 2015 година врши напади и во соседните земји Чад, Камерун и Нигер. Во нападите на оваа организација во басенот на езерото Чад убиени се најмалку 2.000 лица.