Mahmut Atanur
16 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
ЏАКАРТА
Индонезиската покраина Северно Малуку ја потресе земјотрес со интензитет од 5,8 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенција за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија информираше дека епицентарот на земјотресот се случил на отворено море 83 километри северозападно од местото Тернате, на длабочина од 13 километри.
По земјотресот дадено е предупредување за можни последователни потреси.
Според првичните проценки, во земјотресот нема човечки жртви, а не е причинета ниту материјална штета.
Во земјотресот со интензитет од 7,3 што го потресе подрачјето Тернате на 14 јули минатата година, животот го загубија 6 лица.