Servet Günerigök
16 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД го надминале врвот во бројот на нови случаи од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференцијата во Белата куќа, американскиот претседател изјави дека бројот на нови случаи на заразување опаѓа во метрополитенската област на Њујорк, Хјустон, Тексас, Њу Орлеанс во Луизијана, а бројката на случаи во метро-областите на Детроит и Денвер е непроменета.
„Борбата продолжува, но последните податоци покажуваат дека САД го надминале врвот што се однесува на бројот на нови случаи. Очекуваме дека тоа ќе продолжи, но и ние ќе продолжиме да напредуваме“, изјави Трамп во Белата куќа.
Тој исто така изјави дека Вашингтон, Балтимор, Мериленд и Филаделфија покажуваат големи знаци на напредок.
„Овие охрабрувачки настани нѐ ставија во многу силна позиција повторно да ги финализираме упатствата за отворање на земјата.“
Тој изјави дека новите упатства ќе бидат објавени денеска попладне.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на вирусот кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е поголем од 137.000. Речиси 512.000 пациенти се излекувани.