Emre Aytekin,Nazlı Yüzbaşıoğlu
17 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
АНКАРА
Во светот вкупниот број на лица кај кои е детектиран новиот тип на коронавирус (Ковид-19) надмина 74,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА):
Според податоците што ги објави интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, досега од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 животот го загубија 1.655.590 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 74.552.487, а оздравеа 52.389.374 заразени.
САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот, со бројка од 17.394.314, од кои животот го загубија 314.629 лица.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 500.000 се:
Индија (9.951.072), Бразил (7.042.695), Русија (2.734.454), Франција (2.409.062), Турција (1.928.165), Велика Британија (1.913.277), Италија (1.888.144), Шпанија (1.782.566), Аргентина (1.517.046), Колумбија (1.456.599), Германија (1.407.487), Мексико (1.277.499), Полска (1.159.901) и Иран (1.131,077).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надминува 10.000, се:
Бразил (183.822), Индија (144.487), Мексико (115.769), Италија (66.537), Велика Британија (65.520), Франција (59.361), Иран (52.883), Шпанија (48.596), Русија (48.564), Аргентина (41.365), Колумбија (39.560), Перу (36.858), Германија (24.441), Полска (23.914), Јужноафриканска Република (23.827), Индонезија (19.248), Белгија (18.278), Турција (17.121), Украина (15.996), Чиле (15.959), Еквадор (13.915), Романија (13.862), Канада (13.799), Ирак (12.636) и Холандија (10.246).