Adel Omeragic
27 Февруари 2019•Ажурирај: 28 Февруари 2019
ПОДГОРИЦА (АА) - „Од почетокот на сезоната на грипот во Црна Гора се евидентирани 15 смртни случаи“, се соопштува од Институтот за јавно здравје на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот за период од 18 до 24 февруари се наведува дека претходната недела починале тројца машки пациенти на возраст од 54, 58 и 73 години, при што ниту еден од нив не бил вакциниран со сезонска вакцина против грип.
Во Центарот за контрола и превенција на заразни болести изминатата недела пристигнале две пријави за смрт и тоа на 48-годишен и 67-годишен пациент, кои починале на 6 и 16 февруари.
Во периодот на извештајот по лабораториски пат се потврдени 43 случаи на инфекција со вирусот на грип. Во прашање се инфекции со вирусен грип тип А. Вкупниот број на лабораториски потврдени случаи на грип од почетокот на сезоната е 379.