Emre Aytekin
11 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Бројката на лицата заразени од новиот тип коронавирус, што се појави во кинескиот град Вухан, се искачи на 43.097 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на надлежните здравствени установи на земјите во кои се забележани случаи на коронавирус, овој вирус, покрај во Кина, се прошири и во 24 земји, како и на островот Тајван.
Како резултат на овој вирус, животот го загубија 1018 лица, од кои 1016 на територијата на Кина, 1 во Хонгконг и 1 на Филипините.
Во Кина се регистрирани 42.638 случаи на коронавирусот, 42 во Хонгконг, 10 во Макао и 16 во Тајван.
Исто така, случаи на овој вирус се регистрирани и во следните земји:
Јапонија: 161
Сингапур: 45
Тајланд: 32
Јужна Кореја: 27
Малезија: 18
Австралија: 14
Виетнам: 14
Германија: 14
САД: 13
Франција: 11
Велика Британија: 8
Обединети Арапски Емирати: 8
Канада: 7
Италија: 3
Индија: 3
Филипини: 3
Русија: 2
Шпанија: 2
Непал: 1
Шри Ланка: 1
Камбоџа: 1
Белгија: 1
Шведска: 1
Финска: 1.