Şerife Çetin
11 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги осуди нападите во Идлиб, и упати апел до Асадовиот режим и Русија за итно прекинување на нападите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг даде изјава за медиумите пред состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, што се одржува во Брисел.
Запрашан од страна на новинарот на АА дали очекува на овој состанок да се актуализира прашањето за Идлиб, и за коментир за зголемените напади на Асадовиот режим поддржан од Русија, Столтенберг нагласи дека очекува министрите да разговараат за актуелните настани во Идлиб.
Столтенберг изрази длабока загриженост поради случувањата во Идлиб, и рече дека нападите, што ги имаат како цел цивилите, предизвикале раселување на стотици илјади лица.
Тој истакна дека воздушните бомбардирања врз цивилите се случуваат без да се прави некоја разлика.
„Ги осудувам нападите во Идлиб, и упатувам апел до Асадовиот режим и Русија за итно прекинување на нападите“, додаде Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО, исто така, упати апел до Асадовиот режим и Русија за почитување на меѓународното право, и нагласи дека треба итно да се стави крај на нападите врз цивилите поддржани од Русија.