Ihvan Radoykov
08 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
СОФИЈА (АА) - Бугарија денес потврди четири случаи на коронавирус од вкупно 70 лица на кои им се направени анализи за вирусот, што се првите потврдени случаи во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Дваесет и седумгодишник, кој бил лекуван во Болницата за белодробни заболувања во Габрово, централна Бугарија, и 61-годишник, кој имал контакт со пациентот, двајцата се позитивни на вирусот, официјално познат како Ковид-19“, соопштија бугарските здравствени власти.
Покрај тоа, дијагностицирана е и една 75-годишна жена, која била лекувана од респираторни заболувања, и женско медицинско лице во Градската болница во Плевен.
Првин откриен во Вухан, Кина, во декември, вирусот официјално познат како Ковид-19 се рашири во над 80 земји.
Според Светската здравствена организација (СЗО), во светот досега починаа околу 3.500 луѓе, а 100.000 лица се заразени со вирусот.