Erdoğan Çağatay Zontur
08 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати од коронавирусот во Кина се зголеми на 3.099, соопшти кинеската Национална здравствена комисија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Надлежните соопштија дека во изминатите 24 часа починале 27 лица, додека откриени се 44 нови случаи со што вкупниот број на заразени достигна 80.695.
Најмалку 23.047 лица моментално се под медицински третман, а 50.065 пациенти се отпуштени од болница.
Претходно беше соопштено дека 16 импровизирани болници во покраината Хубеи - епицентарот на епидемијата - постепено ќе бидат затворени поради недоволна исполнетост.
Првин откриен во Вухан, Кина, во декември, вирусот официјално познат како Ковид-19 се рашири во над 80 земји.
Според Светската здравствена организација (СЗО), во светот досега починаа околу 3.500 луѓе, а 100.000 лица се заразени со вирусот.