Dilara Hamit
11 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 1.017, соопшти денес кинеската Национална здравствена комисија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Надлежните соопштија дека се регистрирани 43.097 потврдени случаи, додека во последните 24 часа починале 108 лица, а откриени се над 7.333 нови случаи.
Бројот на лица што се наоѓаат под медицински надзор се искачи на 187.728, додека бројот на оние за кои постои сомнение дека се заразени се намали на 21.675. Бројот на откриени случаи со коронавирус надвор од континентална Кина, односно во специјалните административни региони на Кина, Хонгконг и Макао, достигна 42, односно 10.
Се смета дека вирусот се пренел на луѓето од животни, особено од лилјаците.
Освен во Кина, вирусот се прошири во над 20 земји во светот, меѓу кои и САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Индија.
Светската здравствена организација (WHO) ја прогласи појавата на коронавирусот за меѓународна здравствена опасност.