свет

Авганистан: Најмалку шест лица загинаа во самоубиствен напад во Кабул

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека бомбашот самоубиец го активирал експлозивот утринава во подрачјето на плоштадот „Камбар“ за време на сообраќајниот метеж

Ekipa  | 11.02.2020 - Обновена : 11.02.2020
Авганистан: Најмалку шест лица загинаа во самоубиствен напад во Кабул

КАБУЛ (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а десетици се повредени во бомбашки напад што се случи утринава во главниот авганистански град, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека бомбашот самоубиец го активирал експлозивот утринава во подрачјето на плоштадот „Камбар“ за време на сообраќајниот метеж.

„Бомбашот го активираше неговиот самоубиствен појас околу 7 часот изутрина (0230 GMT). Двајца цивили и четворица припадници на безбедносните сили загинаа во нападот, а 12 лица се повредени“, изјави портпаролот Нусрат Рахими за АА.

„Ова е првичната бројка, повеќе детали ќе бидат споделени подоцна во текот на денот“, додаде тој.

Никој не презеде одговорност за нападот.

Местото каде што е извршен нападот се наоѓа блиску до Воената академија во Кабул, која беше цел во неколку слични напади од страна на Талибанците и ДЕАШ во минатото.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.