свет

Пожар во детски камп во Русија: 4 починати

- Во еден детски камп во рускиот град Хабаровск од засега непознати причини избувна пожар во кој животот го загубија 4 лица

Dmitri Chirciu  | 23.07.2019 - Обновена : 25.07.2019
Пожар во детски камп во Русија: 4 починати

МОСКВА (АА) - Во еден детски камп во рускиот град Хабаровск од засега непознати причини избувна пожар во кој животот го загубија 4 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на прес-центарот при Гувернерството на Хабаровск, во детскиот камп „Холдоми“, сместен во градот Хабаровск, избувнал пожар во кој животот го загубиле 4 лица, а 10 се повредени. 

Сѐ уште не е откриена причината којашто го предивикала пожарот.

Полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.


- Медведев: „Ваквата состојба е неприфатлива“

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, издаде наредба да се утврди во колку кампови во Хабаровск, во шаторите се користат системи за греење и изјави „Ваквата состојба е неприфатлива.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın