свет

Во војната во Јемен највисоката цена ја плаќаат децата

- Децата се првите кои ја плаќаат највисоката цена во граѓанската војна во Јемен, што трае повеќе од 5 години.

Afra Aksoy  | 23.07.2019 - Обновена : 25.07.2019
Во војната во Јемен највисоката цена ја плаќаат децата

АДЕН

Шукри ХУСЕЈИН

Децата се првите кои ја плаќаат највисоката цена во граѓанската војна во Јемен, што трае повеќе од 5 години. Децата се невините жртви во ескалацијата на тензиите меѓу страните во конфликтот. Тие со раните претрпени за време на судирите се жив доказ за тажното лице на војната, кое ќе го пренесуваат на идните генерации.

Тринаесетгодишната Хедил Махмуд Абдулваси, која живее во провинцијата Таиз, во југозападниот дел на земјата, е едно од многуте деца кои имаат последици од граѓанската војна во Јемен. Малата девојка од Јемен за дописникот на АА го раскажа моментот од судирите, кој целосно го сменил правецот на нејзиниот живот.

Абдулваси, истакнувајќи дека како и обично играла пред својот дом во селото Ел-Арари, рече дека качувањето на дрво било нејзината омилена преокупација во селото со прекрасна природа.

За денот на нападот во којшто ги изгуби двете раце, Абдулваси рече:

„Беше април 2017 година. Бев качена на едно дрво во близина на нашата куќа. Во еден момент проектил исфрлен од страна на Хусите падна во мојата област. Кога ги отворив очите, бев во болница, двете раце ми беа бандажирани.“

Истакнувајќи дека од својата мајка дознала дека ги загубила двете раце, Абдулваси нагласи: „Многу бев изненадена од таа ситуација, најпрвин не разбрав за што се работи. Сликањето и пишувањето беа мојата најголема страст. Сега веќе боите, хартијата, моливот го напуштија мојот живот, со тоа што никогаш веќе нема да се вратат.“

Вујкото на девојката, Таха Хеза Мухамед, истакна дека и покрај траумата, внуката била многу разумна во моментот.

Мухамед, исто така, нагласи дека неговата внука со користење на прстите од ногата и забите се обидува да пишува и дека прави големи напори за тоа.


- „Бевме вознемирени од тоа што медиумите пишуваа за нас“

Во однос на здравствените третмани на внуката, вујкото Мухамед рече дека била направена хуманитарна организација за лекување на внуката и други две деца во Швајцарија. Трошоците за лекувањето била платени од некоја организација.

Мухамед, истакнувајќи дека било одлучено да патуваат за Женева преку Каиро, рече дека кога пристигнале во Каиро, организацијата одржала прес-конференција и дека тие биле обврзани да присуствуваат на пресот.

Тој, исто така, изјави дека биле многу изненадени од тоа дека мора да присуствуваат на прес-конференцијата.

„Бевме вознемирени од фактот дека некој заработува на нас и дека станавме материјал за медиумите. Затоа ја отфрливме нивната понуда да присуствуваме на пресот“, нагласи Мухамед, вујкото на девојката.

Откако одбил да присуствува на прес-конференцијата, организацијата ги запленила нивните пасоши и побарала 3 долари за возврат за нивните дневни трошоци.

Мухамед, истакнувајќи дека во Каиро поминале многу тешки денови, рече: „Да немаше хумани луѓе ние ќе останевме на улица. Веќе сакавме само безбедно да се вратиме дома, ништо повеќе“.

Тој рече дека аплицирале во Амбасадата на Јемен во Каиро и дека пасошите ги добиле по 4 месеци.

Мухамед истакна дека кога престојувале во Египет, добиле информација дека еден бизнисмен од Таиз ќе ги покрие трошоците за операцијата за протеза на внуката.

Јеменското девојче, со болка во срцето по тешко поминатите 6 месеци во Каиро, го чека денот на хируршкиот зафат за протези за рацете.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın