Diyar Güldoğan
23 Јули 2019•Ажурирај: 25 Јули 2019
АНКАРА
Заедничката комисија на Заедничкиот сеопфатен договор за иранската нуклеарна програма (JCPOA) во недела ќе одржи вондредна седница во Виена, јавува Anadolu Agency (AA).
ЕУ денес соопшти дека на состанокот ќе учествуваат делегациите на Кина, Франција, Германија, Русија, Велика Британија и Иран.
„Состанокот е организиран на барање на Франција, Германија, Велика Британија и Иран, а на него ќе бидат разгледани прашањата поврзани со имплементацијата на Заедничкиот сеопфатен договор за иранската нуклеарна програма (JCPOA) во сите негови аспекти“, пишува во соопштението.
Во име на високата комесарка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, со состанокот ќе претседава генерал-секретарката на Европската служба за надворешни работи, Хелга Марија Шмид.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, изјави дека вонредниот состанок нема да го загрози најавениот следен состанок на министрите за надворешни работи.
„Состанокот повеќе е организиран за да се обезбеди можноста да се истакнат темите и да се направат подобри аранжмани за состанокот на министрите“, соопшти Мусави.
Договорот за иранската нуклеарна програма во 2015 година го потпишаа Иран, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, а САД во 2017 година се повлекоа од договорот и ги обновија санкциите кон Иран.