Sinan Doğan
23 Јули 2019•Ажурирај: 26 Јули 2019
АНКАРА
Мексико во последните 45 дена за 36 отсто го намали протокот на нерегуларни мигранти од повеќето земји од Централна Америка, кои сакаат да преминат во САД и Канада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата на „Си-ен-ен Шпанија“, мерките на Мексико за запирање на мигрантите кои сакаат да заминат во САД и Канада го намалија протокот на нерегуларната миграција. Мигрантите најмногу доаѓаат од земјите како што се Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас и Никарагва.
Мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард, вчера се сретна со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во главниот град на Мексико, Мексико Сити.
По состанокот, Ебрар рече дека Помпео на средбата истакнал дека мерките за спречување на миграцијата што ги презело Мексико имале позитивни резултати.
- Конвој на мигранти на мексиканската граница
Конвојот од 7.000 мигранти во декември минатата година, тргнувајќи од Централна Америка стигна до северниот пограничен град Тихуана во Мексико, со цел да премине во САД.
Како дел од договорот „Остани во Мексико“ меѓу владите на САД и Мексико, беше предвидено државјаните на трети земји, што сакаат за имигрираат во САД преку Мексико, да останат во Тихуана сè додека не се одлучи за нивната апликација.
Претседателот на Националната комисија за имиграција на Мексико, Тонатиу Гиљен, во изјавата дадена на 29 јануари истакна дека мексиканската влада од 1 декември 2018 година до тој датум издала транзитни визи на 3.989 имигранти, главно за лицата од Централна Америка.