Beyza Binnur Dönmez
23 Јули 2019•Ажурирај: 25 Јули 2019
МАДРИД
Парламентот на Шпанија во денешното прво изјаснување не изгласа доверба за Владата на премиерот Педро Санчез, па вториот круг на гласање е најавен за четврток, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на Санчез ја поддржаа 124 пратеници, додека против беа 170, а воздржани 52 шпански парламентарци.
Владата така не доби апсолутно мнозинство во Парламентот, односно потребните 176 гласови.
Вториот круг на гласање за доверба на Владата е најавен за четврток, кога на премиерот Санчез ќе му биде доволно и просто мнозинство, односно мнозинство меѓу присутните пратеници што ќе гласаат во Парламентот.
Социјалистичката работничка партија (PSOE) на Санчез победи на последните парламентарни избори во Шпанија и обезбеди 123 пратенички места. Ниту по 80 дена преговори Социјалистичката работничка партија (PSOE) не успеа да постигне коалициски договор со левичарската партија Подемос.
Во случај Владата на Санчез во четврток да не добие просто мнозинство во Парламентот, во Шпанија на есен ќе бидат одржани нови парламентарни избори кои ќе бидат четврти во изминатите четири години.