Handan Kazancı
25 Јануари 2020•Ажурирај: 26 Јануари 2020
ПЕКИНГ (AA) – Бројот на настраданите во Кина од епидемијата од коронавирусот се искачи на 41, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ситуацијата со воспаление на белите дробови резултира со 41 смртен случај, вклучувајќи 39 во централнта кинеска провинција Хубеи, еден во северната провинција Хебеи и еден во североисточната провинција Хелонгјанг“, објави новинската агенција „Синхуа“, повикувајќи се на Националната здравствена комисија на Кина.
Според податоците на Комисијата, вкупно се потврдени 1.287 случаи на воспаление на белите дробови предизвикано од новиот коронавирус (2019-nCoV), меѓу кои се и 237 лица кои се во критична состојба.
Симптомите од мистериозниот вирус се слични на оние од воспаление на белите дробови што предизвикува огромен страв во Кина, додека земјата се подготвува за одбележување на новогодишните празници.
„Исто така пријавени се вкупно 1.964 случаи за кои се сомнева на коронавирусот. Во текот на 24 часа во петокот се пријавени 444 нови потврдени случаи и 1.118 сомнителни случаи, додека 16 луѓе починаа од оваа болест“, додаде агенцијата.
Комисијата соопшти и дека се пронајдени 15.197 лица кои беа во близок контакт со заболените, од кои 13.967 се под медицински надзор, а 1.230 се отпуштени.
„Покрај тоа, 10 потврдени случаи се пријавени во Хонгконг и Макау во посебни административни региони и Тајван. Поточно, забележани се пет случаи на коронавирусот во Хонгконг, два во Макау и три во Тајван“, истакнува Синхуа.
Вирусот настана во Вахан, главниот град на провинцијата Хубеи, а досега се прошири во 29 кинески провинции во земјата. Повеќе од 10 случаи се пријавени и во Јапонија, Јужна Кореја, Тајланд, САД, Сингапур, Франција и Виетнам.