Ekipa
12 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
ЗАГРЕБ
На подрачјето на Скрадиски бук, во Националниот парк „Крка“, во саботата попладне на длабочина од неколку метри пронајдени се две безживотни тела, а денес е потврдено дека станува збор за туристи од Јужна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека денес смртно настрадале маж на педесетгодишна возраст и девојка на дваесетгодишна возраст, двајцата државјани на таа земја.
Јужнокорејското Министерство наведува дека нивната националност е потврдена врз основа на личните предмети.
Туристите настрадале на место на кое бањањето е дозволено, а наводно ги открило лице кое нуркало со маска. Како што пренесуваат хрватските медиуми, најверојатно станува збор за татко и ќерка кои на речното дно се држеле за рака.
Хрватската полиција засега нема доволно податоци со кои би излегла во јавноста, а во тек е истрага за откривање на причините поради кои дошло до смртта на јужнокорејските туристи.