Ömer Faruk Yıldız
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
КУАЛА ЛУМПУР
На отворено море кај индонезискиот остров Борнео потона рибарски брод. Во оваа несреќа животот го загубија 4 лица, а 31 се водат како исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Националната информативна агенција „Антара“ објави дека во Јужен Калимантан, кој е дел од Борнео, на отворено море се превртел рибарски брод, кој под налетот на брановите потонал.
Крајбрежната стража пристигнала на местото на несреќата, пронаоѓајќи 4 безживотни тела, а успеала да спаси 2 лица.
Во тек е спасувачка операција за пронаоѓање на исчезнатите 31 рибар, но лошите временски услови ги забавуваат активностите за пребарување и спасување.