Ekipa
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,54 степени го погоди северозападниот дел на индонезискиот остров Јава во 19:03 часот по локално време, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индонезиските власти издадоа предупредување за цунами за Бантен, Лампунг, Западна Јава и Бенгкулу.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 147 километри југозападно од Сумур-Бантен, на 10 километри под површината на земјата.
Потресите биле почувствувани и во главниот град на Индонезија.
Досега нема непосредни извештаи за загинати или за материјална штета.