Agim Sulaj
17 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 8 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.233, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 453 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 47.952.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.470 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 168.211 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 35.439 лица. Во моментов во земјата има 11.280 активни случаи.