Bojana Stojanovic
17 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во изминатите 24 часа од коронавирусот починаа 47 лица, регистрирани се 5.129 новозаразени, а досега се хоспитализирани 9.499 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во Србија досега се регистрирани вкупно 287.730 случаи на Ковид-19.
Од вчера тестирани се 17.460 лица, од кои 5.129 се позитивни на коронавирусот. Во истиот период починале 47 лица, со што досегашниот број на смртни случаи порасна на 2.529. Стапката на смртност е 0,88 отсто.
На респиратори во болниците во Србија моментално се 353 пациенти.
Досега во земјата тестирани се вкупно 2.101.389 граѓани.