Ömer Tuğrul Çam
17 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
БРИСЕЛ
Претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Шарл Мишел, ќе замине во карантин од превентивни мерки поради средбата со францускиот претседател Емануел Макрон пред три дена, кај кого тестот на новиот вид коронавирус (Ковид-19) е позитивен.
Баренд Лејтс, портпаролот на Мишел на социјалните мрежи, објави текст во кој потсети дека Мишел на 14 декември се состанал со Макрон во Париз, по повод 60-годишнината на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Лејтс во текстот објавен на социјалните мрежи истакна дека француските власти објавиле дека заклучно од вечерта на 14 декември, можно е Макрон да „преставува ризик за контаминација“, но дека Мишел не се смета за „лице од близок контакт“.
Истакнувајќи дека претседателот на Европскиот совет редовно се тестира, Лејтс изјави дека последниот тест извршен во вторникот бил негативен.
„Претседателот на Европскиот совет, Мишел, сепак ќе оди во доброволен карантин како мерка на претпазливост“, напиша Лејтс.
Во соопштението што е објавено од Елисејската палата се наведува дека откако кај францускиот претседател Макрон се забележани симптоми на Ковид-19, тој е тестиран, по што резултатот на неговиот ПЦР-тест бил позитивен.
Од друга страна, официјални претставници на ЕУ известија дека на Самитот на лидерите на ЕУ што се одржа на 10 и 11 декември на кој присуствуваше и Макрон, биле спроведени сите здравствени мерки и дека немаат повратна информација дека некој од лидерите или тимовите учесници на Самитот по тестирањата се позитивни на Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека последниот тест изработен во понеделникот на Урсула фон дер Лејн, претседателката на Европската комисија, која учествуваше на Самитот, е негативен, и дека таа нема да оди во карантин.